КОНТАКТ
Пораката е успешно испратена. Ќе ве контактираме многу скоро!

Работиме заедно
до одличен софтвер

Дали сте во потрага по партнер
со кој вашата визија ќе стане реалност?
ИСПРАТИ БАРАЊЕ

ШТО ПРЕТСТАВУВА СМАРТСОФТ?

Смартсофт Медиа е компанија специјализирана за целосна поддршка на денешните бизнис процеси, создавајќи високо-технолошки и иновативни софтверски апликации. За таа цел, нашата компанија константно е во чекор со современите случувања во информатичката технологија. Смартсофт Медиа има голем број на домашни како и интернационални клиенти. Нашата главна цел е долга и успешна соработка.


Нашата компанија е составена од тим на професионалци со долгогодишно работно искуство во областа на информатичите технологии, кои постојано учествуваат во развојот на домашни и интернационални проекти. Нашата примарна цел е развој на софтверски апликации, кои во иднина ќе им овозможат на клиентите поефикасно управување, заштеда и брз раст на нивниот бизнис. Софтверските решенија кои ги нудиме, целосно ги решаваат вашите потреби.

НАШИТЕ УСЛУГИ

РАЗВОЈ НА ВЕБ И МОБИЛНИ АПЛИКАЦИИ

Повеќе наменски и приспособливи веб-сајтови како и мобилни решенија, кои им овозможуваат на корисниците да бидат во тренд со вистинските светски онлајн искуства.

ДИЗАЈН И КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО

Корисничките истражувања, стручните рецензии, прототиповите, тестирањето и повеќе – нашите UX и дизајн услуги се доказ и нудат извондреден повраток на инвестицијата.

СОФТВЕРСКИ КОНСУЛТАЦИИ

Од дефинирање на проектните барања и спецификација на софтвер, до развивање на квалитетни софтверски апликации со високи перформанси, Смартсофт Медиа ја остварува вашата зацртана цел.

CLOUD ХОСТИНГ И ОДРЖУВАЊЕ

Нашите сервери се поставени да обезбедат скалабилни и ефикасни веб хостинг услуги за вашиот веб-сајт или дистрибуирани софтверски системи.

ДИЗАЈН НА БАЗА НА ПОДАТОЦИ

Од избор на моделот на база која е најсоодветна за вашите податоци, преку нормализација и оптимизација на базата, до планирање и подготовка за проширување и приспособување на базата.

АДМИНИСТРАЦИЈА НА СИСТЕМОТ

Следење и известување за моменталната состојба и моменталните перформанси на системот, оптимизација на компјутерските ресурси, одржување на системот и објавување на системот.

ГАРАНЦИЈА НА КВАЛИТЕТ

Тестирањето на софтверот е составен дел од целиот процес на развој! Од прегед и тестирање на техничката документација, па се до корисничо тестирање на софтверот и негова поддршка.

SEO - ОПТИМИЗАЦИЈА

SEO пребарување, кампањи на социјалните мрежи, пишување на содржината, сето тоа треба да го покачи пребарувачкиот ранк.

ПРОЦЕС НА РАБОТА

ФАЗА 1 - ОТКРИВАЊЕ И АНАЛИЗА

Собирањето на барањата или фаза на откривање е суштинска фаза во било кој систем на животниот циклус. Деталите и степенот на точност на барањата имаат голема улога во дефинирање на целокупниот систем, архитектурата и успехот на проектот.

  • - Квалитетен опис на решението
  • - Дискусија за целите на проектот
  • - Дефинирање на решението
  • - Карактеристики на решението

ФАЗА 2 - ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ И КОНЦЕП ЗА РАЗВОЈ

Концептот за развој и планирањето на проектот можеби е најважната фаза во целиот процес за развој на проектот, бидејќи тоа што ќе се одлучи и мапира во оваа фаза, го трасира целиот проект. Ова е фазата во која е потребна вашата интеракција и постојаното внимание на деталите при развојот на проектот.

  • - Распределба на ресурси
  • - Интеракција Дизајн/Wireframes концепти
  • - Кориснички веб и мобилни искуства (UX)
  • - Поставеност на сајтот

ФАЗА 3 - КРЕАТИВНО РАБОТЕЊЕ

Создаваме цртеж од информациите добиени до овој момент, во оваа фаза е вистинско време да се утврди изгледот и суштината на проектот. Нашиот креативен тим работи заедно со вас во оваа фаза, со заеднича соработка и размена на идеи се создава еден или повеќе прототип дизајни, се додека не се добие крајниот уникатен дизајн.

  • - Се утврдува палета на бои и брендирање
  • - Кориснички интерфејс дизајн
  • - Цртеж на клучните делови, подстраници и други графички елементи
  • - Отворена имплементација

ФАЗА 4 - РАЗВОЈ

Во оваа фаза целата документација и проектното барање што е завршено во фаза 1, ја имаат главната улога. Ова значително ќе го намали користењето на нашите софтверски инженери, а со тоа и вкупната цена за развој на проектот.

  • - Интеграција на дизајн
  • - Развој на систем
  • - Развој на мобилни решенија

ФАЗА 5 - ТЕСТИРАЊЕ И ИНТЕГРАЦИЈА

Нашите докажани професионалци (QA) имплементираат докажана стратегија QC/QA од самиот старт на проектот се со цел да се постигнат очекуваните стандарди и постојаната контрола на квалитетот.

  • - Следење и конторла
  • - Тестирање и верификација на ефикасноста
  • - Компатибилност на сите пребарувачи

PHASE 6 - ОБЈАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Време е да се оди во живо! Ние правиме финални проверки, ја завршуваме проектната документација и бидете сигурни дека вашиот производ е распореден правилно, подготвени за акција!

  • - Документација на проектот
  • - Тренинг
  • - Постојани подобрувања

САКАТЕ ДА НАУЧИТЕ ПОВЕЌЕ?

Само прашајте не.